Утрински Весник
Свет

(Видео) Унгарската полиција како на филм бркаше Срби, кои се обидоа да ограбат златарница

(Видео) Унгарската полиција како на филм бркаше Срби, кои се обидоа да ограбат златарница

Филмска брканица на улиците во унгарскиот град Дебрецин. Полицијата бркаше автомобил во кој се наоѓаа двајца Срби, кои претходно се обиделе да ограбат златарница.

Полицијата веднаш по пријава за напад и обид за грабеж тргна во потрага по сторителите, кои бегале со жолт автомобил. На социјалните мрежи се појави видео од брканицата.

Полициски автомобили се обиделе да го блокираат автомобилот во бегство од речиси сите страни. Возачот почнал да паничи, а набргу потоа исплашен од полициските автомобили удри во паркирани возила, по што двајцата почнаа да бегаат, но беа фатени од полицијата.

Како што соопшти полицијата двајца Срби влегле во златарницата и веднаш го нападнале продавачот, а еден од нив вперил пиштол кон него. Потоа и двајцата почнале да го удираат и тепаат. Трговецот се обидел да се одбрани, па почнале да се тепаат.

Разбојниците потоа се обиделе да го спакуваат накитот во црна торба, но на крајот морале да побегнат, па го оставиле и пиштолот и чантата.

46-годишен Србин и неговиот 37-годишен брат, осомничени за вооружен грабеж, на рочиштето признале се. Браќата се приведени, а поднесен е и предлог за нивно апсење.

Можете да прочитате

НАТО објави дека според новиот финансиски план за Украина ќе бидат договорени редовни и големи испораки на оружје

Земјата се врти побрзо ова лето, мерачите на време размислуваат да направат преседан

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини