Утрински Весник
Свет

Најмалку 16 луѓе, меѓу кои и деца, се затруле со јаглерод моноксид во хотел во Охајо

Најмалку 16 луѓе, меѓу кои и деца, се затруле со јаглерод моноксид во хотел во Охајо

Седум лица се хоспитализирани и се во критична состојба откако биле отруени со јаглерод моноксид во хотел во градот Мерисвил, во американската сојузна држава Охајо, соопштија локалните власти.

Вкупно девет лица се пренесени во болница, а шефот на спасувачката служба на Мерисвил, Џеј Рајли за локалните весници изјавил дека изворот на јаглерод моноксид не е познат, но познато е дека сите хоспитализирани биле во делот на хотелот каде се наоѓа базенот.

Тој рекол дека меѓу затруените има и деца и возрасни.

Набрзо по инцидентот хотелот бил евакуиран, а покрај лицата кои биле хоспитализирани, помош на лице место добиле две лица, додека потоа помош побарале уште пет, па последиците од труењето ги почувствувале вкупно 16 лица.

Градот Мерисвил се наоѓа на 50 километри северно од Колумбос.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД