Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украина не е во војна, не ни треба оваа паника

Зеленски: Украина не е во војна, не ни треба оваа паника
Ss2

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не може да исклучи ескалација и понатамошна тензија со Русија, но ја критикуваше преголемата паникa што ја оптоварува економијата.

„Мислам дека ситуацијата сега не е понапната отколку порано. Во странство имаат чувство дека овде има војна. Тоа не е така. Не велам дека ескалацијата не е можна но нам не ни треба оваа паника“, рече Зеленски на прес-конференција.

Ss1

Тој рече дека тоа е гаранцијата што му ја дал на американскиот претседател Џозеф Бајден во вчерашниот телефонски разговор, како и дека Русија се обидува да ја заплаши Украина.

Зеленски, исто така, потврди дека Украина ја стабилизирала својата валута со девизните резерви, како и дека бара воена, политичка и економска поддршка од Западот и нагласи дека на земјата и се потребни 4 до 5 милијарди долари за да ја стабилизира својата економија.

Неговата изјава дојде откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека САД и НАТО не одговориле на главниот безбедносен повик на Москва во конфликтот меѓу Истокот и Западот околу Украина, но дека Москва е подготвена да ги продолжи разговорите, наведуваат агенциите.

Ss1

Можете да прочитате

Детали од пропаднатиот мировен договор меѓу Русија и Украина: „Киев да гарантира трајна неутралност, а Москва да не напаѓа“

Силно торнадо во Кина, најмалку 5 загинати и многу повредени

„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон