Утрински Весник
Македонија

Сали: Второто полугодие ќе почне со физичко присуство

Сали: Второто полугодие ќе почне со физичко присуство

Второто полугодие во училиштата ќе започне со физичко присуство изјави министерот за здравство Беким Сали и според него епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави скрининг меѓу учениците по случаен избор.

Министерот најави дека ќе бидат преземени мерки доколку се појави ширење на коронавирусот во одреден регион, општина или град.

„Според нашите податоци, нема потреба од онлајн учење во овој момент затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела, и врз основа на тие податоци ние ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерство ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината, ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки“, најави Сали.

Вчера Синдикатот за образование, наука и култура побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. Од таму оценуваат дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се започне со физичко присуство.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни