Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Финансиската полиција изврши претрес во домот на лажен адвокат – запленети лаптоп, телефони и голем износ на пари

Финансиската полиција изврши претрес во домот на лажен адвокат – запленети лаптоп, телефони и голем износ на пари
Img 7972

Управата за финансиска полиција изврши претрес во дом и други простории во Гевгелија, каде живее и работи лице осомничено за затајување данок, измама, фалсификување и уништување деловни книги и други дела.

При извршениот претрес во домот на лицето, биле пронајдени и привремено одземени парични средства во вкупен износ од 47.095 евра, 603.000 денари и 250 швајцарски франци, детално опишани со сериски броеви, исто така одземени се 1 Лаптоп, 1 десктоп компјутер и 2 мобилни апарати, како и голем број на деловна документација за извршени промени на правни лица во Централниот Регистар.

„ Имено, од сознанијата со кои располага Управата за финансиска полиција ова лице лажно се претставувало дека е адвокат и регистрационен агент за упис на промени во ЦРСМ и посредувал и вршел промени на сопственичката и управувачката структура на правни лица низ целата територијата на Република Северна Македонија, кои имале неподмирени даночни обврски по повеќе основи (ДДВ, данок на добивка, персонален данок, придонеси), а се со цел истите да не бидат подмирени и платени од даночните обврзници, на начин што со промената на сопственоста и управувачката структура се назначени лица од кои не може да се изврши наплатата, или пак истите се странски државјани и се недостапни на органите за прогон. Имено, ова лице за одреден паричен надомест (најчесто 100 евра), искористувал социјално загрозени и сиромашни лица, кои ги ставал во заблуда и им давал лажни информации дека правните лица немаат никакви долгови и обврски, кои за паричниот надомест се согласиле да потпишат документација со која ја презеле сопственоста на правните лица, додека пак за управители на предметните правни лица искористил податоци од лица – странски државјани кои никогаш не влегле во територијата на РСМ ниту пак имале регулиран престој. Воедно, со цел да ги изврши промените во ЦРСМ за седиште, назив, управител и други промени, ова лице, свесно ги фалсификувало потписите на новите сопственици и во нивно име ги потпишало сите изјави и полномоштва и друга документација потребна да се извршат промени во ЦРСМ“ се наведува во соопштението.

По завршување на предистрагата и целосно документирање на случајот, од страна на Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно Обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?