Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Митева: Јанчева и Шилегов во кафеана направиле сметка од 91.560 денари

(Видео) Митева: Јанчева и Шилегов во кафеана направиле сметка од 91.560 денари
300x250 opst2

Љубица Јанчева и Петре Шилегов со пари на скопјани се гоштевале со скапи јадења и пиеле алкохолни пијалоци стари 12 години, обвини на денешната прес-конференција, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Како што рече таа, на предновогодишна забава Јанчева и Шилегов потрошиле 91.560 денари, фактура потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани.

„Од документот со потписот на Јанчева oд кој се гледа дека на два дена пред Нова Година таа и Шилегов потрошиле 91.560 денари. Шилегов и Јанчева за еден ден во кафеана потрошиле шест минимални плати. За еден ден, за неколку часа во кафана тие потрошиле пари со кои можеле 6 семејства да го поминат месецот.

Од фискалната сметка се гледа што нарачувале Јанчева и Шилегов. Додека половина милион луѓе живеат во исклучително тешки услови, Љубица Јанчева и Шилегов пиеле ексклузивно виски Џони Вокер барикирано 12 години, виски Џејмисон и Џeк Дениелс, но и Чивас Ригал.

Ова специјално друштво имало и специјална нарачка од кујна во висина од 60.000 денари, без спецификација што содржела таа нарачка. Посебна сметка имало и за Петре Шилегов, кој нарачувал бифтек на путер од 2.400 денари една порција“, посочи партиската портпаролка која додаде дека СДСМ продолжува со манипулирање на јавноста затоа што, како што рече, им е нарушен комодитетот и луксузот.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка