Утрински Весник
Свет

СЗО: Регионален директор под истрага – малтретирал персонал

СЗО: Регионален директор под истрага – малтретирал персонал

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ги истражува наводите дека регионалниот директор на организацијата во Азија малтретирал персонал, користел расистички јазик и изнел чувствителни податоци за вакцините во Јапонија.

Во соопштението доставено до Ројтес, СЗО наведува дека е „свесна за обвинувањата и дека ги презема сите соодветни чекори за да продолжи да работи на тоа прашање“.

Изјавата на СЗО уследи по извештајот на АП во кој се цитира внатрешна жалба од „загрижениот персонал на СЗО“ до повисокото раководство во кое се обвинува Такеши Касаи, регионален директор на СЗО задолжен за Западен Пацифик.

Можете да прочитате

Си-ен-ен: Трамп губи трпение, враќањето на големи воени операции сѐ поверојатно

Израел го бомбардираше Либан, најмалку шестмина загинати

Иран: Ако пак бидеме нападнати од САД ќе создадеме нуклеарна бомба