Утрински Весник
Свет

Во напад на бунтовниците во Пакистан загинаа 10 војници

Во напад на бунтовниците во Пакистан загинаа 10 војници
Dik 300x250 mk

Сепаратистичките бунтовници во Пакистан ја презедоа одговорноста за нападот на воен контролен пункт на југозападот на земјата, во кој, според армијата, загинаа 10 војници.

Нападот, извршен во вторникот вечерта во пакистанската област Кеч, северно од пристаништето Гвадар, беше најтешкиот во последните неколку години како дел од борбата што бунтовниците, членови на народот Балучи, ја водат против пакистанската Владата, пренесува Ројтерс.

– Одлучни сме во нашата посветеност да го ослободиме Пакистан од сите форми на тероризам – изјави денеска пакистанскиот премиер Имран Кан во изјавата во која им оддаде почит на загинатите војници.

Армијата соопшти дека убила еден од напаѓачите и уапсила тројца во акцијата за расчистување која се уште е во тек.

Бунтовничката група за ослободување на Балуџистан (BLF) ја презеде одговорноста за нападот, се вели во соопштението испратено до Ројтерс, при што загинаа 17 војници и еден од нејзините членови.

Овие герилци со децении се борат против владата за да добијат своја држава, тврдејќи дека централната власт неправедно ги искористува богатите гасни и минерални ресурси на провинцијата Белучистан, која ја дели границата со Авганистан и Иран.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени