Утрински Весник
Свет

Вакцината Спутник V може да биде регистрирана од СЗО годинава – на чекање уште 15 вакцини

Вакцината Спутник V може да биде регистрирана од СЗО годинава – на чекање уште 15 вакцини

Руската вакцина Спутник V може да биде призната од Светската здравствена организација (СЗО) оваа година, изјави денеска претставничката на СЗО во Русија Мелита Вујновиќ за телевизијата „Русија-24“, пренесува ТАСС.

-Десет вакцини се вклучени во списокот на лекови препорачани за итна употреба, што значи дека се користат во итни случаи во јавното здравство, како што е сега во пандемија. Уште 16 кандидати се во мирување, меѓу кои и Спутник V, објасни Вујновиќ.

Како што наведе таа, за да се најде вакцината на списокот потребно е да се состави потребниот пакет документи.

– Тоа не се само документи за ефикасноста на вакцината или напис во магазинот „Лансет“, тоа е комплетен севкупен технички документ на апликацијата за регистрација на лекот во СЗО, која вклучува пет големи модули, рече претставникот на СЗО.

Таа нагласи и дека се оди според планот и дека се надева дека овие планови ќе овозможат завршување на процесот оваа година.

Вујновиќ додаде дека од сите руски вакцини, само Спутник V поднел барање за регистрација, јави ТАСС.

Можете да прочитате

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп

Израел го бомбардираше градот Газа, над 120 загинати

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти