Утрински Весник
Свет

Германија ќе го вклучи и гасоводот „Северен тек 2“ во листата на санкции против Русија

Германија ќе го вклучи и гасоводот „Северен тек 2“ во листата на санкции против Русија

Германија е подготвена да го вклучи гасоводот „Северен тек 2“ во листата на санкции против Русија доколку ситуацијата со Украина ескалира, изјави денеска германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.

„Ги прочитавме можните одговори, вклучувајќи го и ‘Северен тек 2’. Да, дијалогот е приоритет за нас секогаш, но понекогаш е неопходно да бидеме цврсти како во сегашната ситуација“, додаде таа, пренесе ТАС С.

Изградбата на „Северен тек 2“ беше завршена на 10 септември минатата година, но гасот сѐ уште не почнал да се транспортира во Европа бидејќи на операторот на гасоводот му е потребна дозвола од германското регулаторно тело.

Можете да прочитате

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години

Речиси половина од Германците се против формирање влада на AfD во Саксонија-Анхалт