Утрински Весник
Свет

Во Словенија пристигна „стелт“ омикрон – потврден првиот случај

Во Словенија пристигна „стелт“ омикрон – потврден првиот случај

Словенија денеска го потврди првиот случај на подтипот омикрон на сојот БА.2, изјави шефот на националната лабораторија Тјаша Жохар Кретник.

Таа рече дека се уште не е јасно дали овој подвид е позаразен од оригиналот. Кретник соопшти дека БА.2 е откриен во Подравје, пренесе агенцијата СТА.

Таа додаде дека, според непотврдени податоци, постои можност на Институтот за микробиологија и имунологија во Љубљана да се откриени уште два случаи од подтипот БА.2.

BA.1 е првиот тип на омикрон, кој го замени делта сојот за неколку недели и сега претставува, барем во Словенија, 95% од новите инфекции.

Британската агенција за јавно здравје неодамна откри повеќе од 400 случаи на подвидот омикрон во првите 10 дена од јануари, наведувајќи дека BA.2 е откриен во уште 40 земји, вклучувајќи ги Индија, Данска и Шведска, каде што повеќето од овие омикрони се подвидови.

Подваријантата на Омикрон BA.2 го доби прекарот „стелт омикрон“.

Можете да прочитате

Пловидбата низ Ормуската Теснина под контрола на Иран, осигурувањето драстично поскапе

Путин го ограничува извозот на готовина и злато

Кина воведува систем за осигурување за долгорочна нега како одговор на стареењето на населението