Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Бараме две недели онлајн настава за учениците од 4 до 9 одделение

Јаневска: Бараме две недели онлајн настава за учениците од 4 до 9 одделение
Dik 300x250 mk

Одлуката учениците од 1 Февруари да тргнат на училиште со физичко присуство, бараме Владата, Комисијата за заразни болести, а и Министерот за образование и наука да ја преиспитаат, порача професорката Весна Јаневска на Фејсбук.

„ Бројките на заразени со Ковид-19 вирусот се високи, а високи се и потребите од болничко лекување. Медиумите соопштија дека ќе треба повторно отворање на Ковид центрите (според изјавите на стручњаците), а се објави и дека детските оддели се преполни и Систина планира отворање на детски Ковид центар.

Предлагаме: 2 недели онлајн настава на учениците од 4-9 тто одделение со активно следење на епидемиолошката ситуација и настава со физичко присуство на учениците од 1-3 то одделение со следење на епидемиолошката состојба во Македонија и училиштата. За најмладите ученици предлагаме физичко присуство, за да се избегнат дополнителни мерки, кои се неопходни за чување на децата (ослободување на родител од работни обврски), а кои влијаат на економијата на државата“ пишува Јаневска.

Синдикатот за образование побара второто полугодие да почне онлајн, поради големиот број на заразени со што училиштата би биле опасен кластер за ширење на болеста.

Можете да прочитате

Во казино во Аеродром 70-годишник се степал со 62-годишник

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари

Зохиу: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи