Утрински Весник
Македонија

Приведен прилепчанец за издржување затворска казна, кај него била пронајдена и дрога

Приведен прилепчанец за издржување затворска казна, кај него била пронајдена и дрога

Вчера полициски службеници од ОВР Прилеп на превој Плетвар го лишиле од слобода С.Ј.(31) од Прилеп, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени е една ќеса со бела грутчеста материја и 24 таблетки, а покрај тоа, бил баран по наредба на Основен суд Прилеп за издржување казна затвор во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на подрачјето на Скопје.

Тој е спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок поради сомнение за сторено кривично дело казниво по Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Студенти: Алармантни се условите во „Стив Наумов“

Андоновски: m.Uslugi е почеток на нов однос меѓу граѓанинот и државата – јавните услуги и документи директно во мобилниот телефон

Цветановски од ЛДП: СТОП за новото лудило на Владата – народот гладува, администрацијата расте!