Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Потпишаните договори со Бугарија носат придобивки за граѓаните на двете земји

(Видео) Каевски: Потпишаните договори со Бугарија носат придобивки за граѓаните на двете земји

Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија, отвораат ново поглавје во односи меѓу двете соседни земји. Вчера се одржа успешна меѓувладина седница на која беа формирани петте работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти кои се од интерес на граѓаните од двете држави, изјави на денешната ррес-конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Тој додаде дека двете влади и надлежните министерства ќе соработуваат во областа на инфраструктурата, земјоделството, аграрни науки, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превозот на стоки, намалување на цената на роамингот.

Посебен фокус ќе се стави на железничкото поврзување на двете држави како и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8 што оваа година ќе биде приоритет за Владата предводена од СДСМ.

Со силен интензитет на соработка и брза реализација на договорите, очекувано е веќе во следните шест месеци да се постигнат значајни резултати во сите области.

Сето ова е еден значаен исчекор во унапредување на односите меѓу двете земји, исчекор кој води кон придобивки за двата народа, истакна Каевски.

Зајакнување на соработката на Северна Македонија и Бугарија преку економски, културни, образовни и младински размени, инфраструктура која поврзува, мобилност, дигитализација, брз проток на информации, е она на кое Владата предводена од СДСМ ќе се посвети во следниот период.

Од СДСМ очекуваат дека низ ваков отворен пристап, низ дијалог и соработка не само што ќе ја продлабочиме соработката, туку ќе најдеме заедничко прифатливо решение за отворените прашања.

СДСМ преку Владата што ја предводи останува посветена на обезбедување на европската иднина и засилена соработка со сите наши соседни земји, изјави Каевски.

Можете да прочитате

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје