Утрински Весник
Свет

Тропската бура Ана која ги зафати Мозамбик и Малави однесе 12 животи

Тропската бура Ана која ги зафати Мозамбик и Малави однесе 12 животи

Бројот на загинати во тропската бура Ана се искачи на најмалку 12 во Мозамбик и Малави, соопштија денеска властите, иако официјалните лица и хуманитарните агенции сè уште го проценуваат целосното влијание на бурата што во понеделникот ја погоди јужна Африка.

Националниот институт за управување со вонредни состојби во Мозамбик вчера соопшти дека загинале осум лица, 54 се повредени, а 895 се евакуирани, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од 20.000 луѓе во Мозамбик беа погодени од невремето, повеќе од 3.000 домови беа делумно уништени, а над 600 домови беа целосно уништени.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван