Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украински министер: Досегашните информации не укажуваат на инвазија од Русија

Украински министер: Досегашните информации не укажуваат на инвазија од Русија
300x250 opst2

Властите во Украина денеска се обидоа да ја убедат нацијата дека инвазијата од соседна Русија не е неизбежно сценарио, иако тие признаа дека заканата е реална и примија пратки со американска воена опрема со цел да ја зајакнат нејзината одбрана, пренесува АП.

Министерот за одбрана Алексеј Резников изјави во парламентот дека до денес нема причина да се верува дека Русија се подготвува за итна инвазија, истакнувајќи дека нејзините војници не формирале, како што рече, борбена група која би можела да ги пробие границите.

„ Не се грижете, спијте мирно. Нема потреба да имате спакувани куфери“, им рекол украинскиот министер на пратениците, пренесува АП.

Неговите изјави уследија по повторените уверувања од претседателот Володимир Зеленски и други официјални претставници дека ситуацијата е „под контрола“.

Сепак, во интервју емитувано вчера, министерот за одбрана призна дека постојат ризични сценарија кои се можни и веројатни во иднина, пренесе „Асошиејтед прес“.

Москва негира дека планира напад врз Украина, но во последните недели концентрираше околу 100.000 војници во близина на границата и одржува воени вежби на неколку локации во Русија, што ги натера САД и нивните сојузници во НАТО да брзаат со подготовките за можна војна.

Како дел од новата воена помош од 200 милиони долари испратена до Украина од САД, денеска во Украина пристигна пратка со опрема и муниција, потврди заменик-министерот за одбрана Хана Малиар.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија