Утрински Весник
Спорт

Французите преку Црна Гора се вратија во игра за полуфинале

Французите преку Црна Гора се вратија во игра за полуфинале
Dik 300x250 mk

Црна Гора имаше сила да се држи рамноправно со Франција само во првите 20-тина минути од мечот, за потоа „триколорите“ да ја покажат својата сила и да дојдат до 36:27 (16:12) победа која ги враќа во игра за финале по неочекуваниот пораз од Исланд на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Иако мечот започна со израмнета игра и со црвен картон за голманот Винсен Жерар, неговата замена Весли Пардан на голот беше клучен со одбраните за во финишот на првото полувреме да стигнат до четири гола предност. Во второто полувреме, тие само го зголемуваа водството, кое достигна до 10 гола. Дика Мем имаше 8 гола за Франција, а по четири уфрлија Никола Карабатиќ, Беноа Кунку и Никола Турна, додека кај Црна Гора, Милош Вујовиќ имаше 7, а Бранко Вујовиќ 5 гола.

За тимот на Ерик Мате ова е важна победа по поразот од Исланд и сега тие се на второто место на табелата во групата 1 со 6 поени зад Данска со 8 и Исланд со 4. Во последното коло Французите играат со Данска, додека Исланд игра со Црна Гора.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-4105-36556”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Французите преку Црна Гора се вратија во игра за полуфинале <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен