Утрински Весник
Свет

Контингент од 8.500 војници во САД се во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Контингент од 8.500 војници во САД се во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во Европа за многу кратко време, доколку НАТО побара активирање на силите за брза реакција.

Ова е уште една потврда за американската одлучност во однос на групирањето на руски вооружени сили долж границата со Украина, пишува „Ројтерс“.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, истакна дека сè уште не е донесена одлука дали војниците ќе бидат распоредени, истакнувајќи дека секое такво распоредување во источното крило на НАТО ќе биде дополнување на американските трупи кои веќе се на европско тло, со цел како што рече, да се смират загрижените сојузници.

Русија негира каква било воена активност и покрај фактот што повеќе од 100.000 војници се распоредени долж границата.

Американскиот претседател Бајден ќе разговара со европските сојузници за да формираат заедничка стратегија и одговор на руската закана, пишува Би-би-си.

САД размислуваат во источна Еворпа да преместат и дел од своите трупи стационирани во западна Европа, во текот на следните недели, изјавил за „Ројтерс“ дипломат од НАТО.

„Ова се однесува на американските трупи што веќе се во Европа“, објаснил дипломатот, кој побарал да остане анонимен, потврдувајќи го извештајот на „Њујорк Тајмс“ во кој се вели дека американскиот претседател Џо Бајден размислува да испрати американски војници на територијата на балтичките и источно-европските сојузници.

НАТО денеска соопшти дека ги става силите во состојба на подготвеност и дека во источна Европа ќе обезбеди повеќе бродови и борбени авиони, што Русија го осуди како ескалација на тензиите околу Украина.

Дипломатот рекол дека потенцијалното преместување на армијата ќе биде постепено и дека пополнување на празнините на НАТО на источното крило може да се случи во наредните недели.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk