Утрински Весник
Свет

Воен удар во Буркина Фасо, претседателот соборен од власт

Воен удар во Буркина Фасо, претседателот соборен од власт
Dik 300x250 mk

Војската во Буркина Фасо денеска го собори од власт претседателот Рох Каборе, го суспендира уставот, ги распушти владата и националното собрание и ги затвори границите на земјата.

Во соопштението, потпишано од потполковникот Пол-Анри Сандаого Дамиба, а прочитано на државната телевизија, се вели дека преземањето на власта било извршено без насилство и дека приведените се на безбедно место, пренесе „Ројтерс“.

Соопштението e потпишано од засега непознато тело – Патриотско движење за зачувување и обнова или МПСР.

Како причина за извршениот воен удар се наведува колапсот на безбедносната ситуација во земјата и како што се вели, неспособноста на Каборе да ја обедини нацијата и ефикасно да одговори на предизвиците со кои се соочува.

Претходно, партијата на Каборе соопшти дека тој преживеал обид за атентат без да изнесе конкретни детали.

Каборе, инаку, не се појавил во јавноста по пукањето во неколку касарни во главниот град Уагадугу и во близина на неговата резиденција, откаок војници побараа смена на воените началници и повеќе средства за борба против милитантните исламисти.

Владата тогаш негираше дека армијата ја презела власта.

На твитер налогот на претседателот на Буркина Фасо е објавен неговиот повик до сите кои посегнале по оружје да го положат истото заради повисоките интереси на нацијата.

Пучот во Буркина Фасо го осуди и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа