Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го нарече лажен извештајот во кој се споменува барањето на кинескиот претседател Џинпинг до претседателот Владимир Путин да не ја напаѓа Украина за време на Зимските олимписки игри во Кина.
– Тоа е начин да се поттикнат тензиите што ги создаваат НАТО и САД – изјави Песков пред новинарите, пренесува ТАС С.
Песков додаде дека на веста реагирале и нивните „кинески пријатели“ и изјавиле дека секој обид за нарушување на кинеско-руските односи ќе биде осуден на пропаст.
Претходно Блумберг објави напис во кој се тврди дека кинескиот лидер наводно му се обратил на рускиот колега со барање да не ја напаѓа Украина за време на Олимпијадата.