Утрински Весник
Свет

Италијански лекари и стоматолози кои не се целосно вакцинирани се суспендирани од работа

Италијански лекари и стоматолози кои не се целосно вакцинирани се суспендирани од работа

Околу 1.900 италијански лекари и стоматолози се суспендирани од професионалното здружение на земјата поради неусогласеност со законите со кои се бара да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19, вклучително и бустер.

Тоа изнесува 0,4 отсто од вкупното членство, но од здружението велат дека околу 30.000 други членови се уште не ја завршиле вакцинацијата. Здружението истакна дека некои од нив можеби не го прекршуваат законот затоа што можеби биле позитивни и сега не можат да ја примат вакцината или можеби имаат здравствени причини што не можат да се вакцинираат. Други чекаат да добијат дополнителна доза најмалку четири месеци по последната вакцинација.

„ Ова е бројка што не ја покажува реалната состојба на здравствените работници кои не ги почитуваат правилата“, вели Филипо Анели, претседател на здружението.

Италија бара сите здравствени работници, наставници, полицајци, припадници на вооружените сили и оние кои обезбедуваат услуги за жителите на домовите за стари лица да бидат целосно вакцинирани. Исто така, бара сите луѓе на возраст над 50 години да бидат целосно вакцинирани или неодамна закрепнати од болеста за да имаат пристап до услуги како што е јавниот превоз.

Здравствените работници мора да примат бустер доза за да бидат целосно усогласени, според законот усвоен од италијанската влада минатиот месец.

„ Суспензијата на невакцинираните лица од лекарското стручно здружение не треба да се сфати како казна. Целта, како што вели законот, е да се заштити јавното здравје и да се одржат соодветни безбедносни услови при пружањето на нега“ порача Анели.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk