Утрински Весник
Спорт

Бензема за Меси: Тие што го критикуваат, немаат поим за фудбалот

Бензема за Меси: Тие што го критикуваат, немаат поим за фудбалот

Ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема долго време беше лут ривал на Лео Меси, додека Аргентинецот беше во Барселона, но очигледно има огромна почит кон Аргентинецот кога го коментираше во интервју за „Телефут“.

Бензема, кој оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери на „кралевите“ одговори на тие кои го критикуваа Меси за спориот старт на неговата кариера во Пари Сен-Жермен.

„Како е возможно да не успее? Секој фудбалер има период на адаптација, а зборуваат бидејќи не постигнува многу голови. Но, погледнете што прави на теренот. Како можете да критикувате таков фудбалер? Тој што го критикува Меси, не знае ништо за фудбалот“, вели Бензема.

> Бензема за Меси: Тие што го критикуваат, немаат поим за фудбалот <

Можете да прочитате

Несторовски: Милевски не сака играчи со силен карактер, затоа ме отпиша од репрезентацијата

Вељко Пауновиќ официјално нов селектор на Србија

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб