Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Демократскиот сојуз за паркинзите: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конструкции и лажни обвинувања

Демократскиот сојуз за паркинзите: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конструкции и лажни обвинувања
300x250 opst2

Најенергично ги отфрламе обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со објавени податоци за возила преку „Ексел“ табели, бидејќи во системот никој не може да внесува регистарски броеви на возила кои ќе бидат повластени, реагира Демократскиот сојуз по обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција дека функционери од власта не плаќале паркинг во Скопје.

„Во Одделението за грижа на корисници дневно се проверуваат неколку стотина возила, дали платиле паркинг преку системот за зонско паркирање, дали имаат картица за паркирање, дали се возила на оперативните служби и сл. Овие податоци можат да ги влечат од системот, Одделението за грижа на корисници, да подготвува табели и истите да ги злоупотребува за партиски цели и дискредитација“, велат од партијата.

Додаваат дека ЈП Градски Паркинзи има над 270 вработени, најмногу членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Валентина Јовановска, (Раководител на одделението за грижа на корисници), сестра на бизнис партнер на ВМРО-ДПМНЕ, која има пристап до сите податоци и, како што велат, може да ги злоупотребува истите.

Демократскиот сојуз тврди дека никој од раководството на ЈП Градски Паркинг, нема учество во било какви недозволени и противзаконски активности, правење на списоци и слично.

„Тие што секојдневно плукаат против раководството на ЈП Градски Паркинг, ќе се “удават” во калта“, велат од ДС.

Можете да прочитате

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка на контроверзниот универзитет?

Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Рекет во Скопје: Изнудувале пари со закани за убиство, организаторот од Дуба