Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија
300x250 opst2

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала изборот за претседател на Владата.

Ковачевски се заблагодарил на честитката и на поддршката што фон дер Лајен ја дава на Северна Македонија.

Како што информираат од владината прес-служба, Ковачевски ја известил претседателката на ЕК дека европските интеграции остануваат еден од врвните приоритети на новата Влада.

Исто така тој ја запознал со активностите на Владата во периодот што следи, мерките и политиките што се преземаат во правец на надминување на енергетската криза, како и економските мерки.

„Во телефонскиот разговор стана збор и за неодамнешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје, што соговорниците заеднички ја оценија како позитивен чекор во надминување на разликите и го поздравија фокусот во проекти и активности кои се важни за иднината“, се наведува во владиното соопштение.

Ковачевски, воедно, уште еднаш ги реафирмирал македонските позиции за македонскиот јазик и идентитет.

Фон дер Лајен го поздравила воспоставениот дијалог на ниво на премиери меѓу двете земји, и истакнала дека Брисел силно го поддржува процесот и дека таа лично, но и целата Комисија се спремни да помогнат со цел што побрзо оддржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Ковачевски и претседателката на ЕК исто така се договориле многу скоро да имаат директна меѓусебна средба во Брисел.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”

Уапсен прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии