Утрински Весник
Свет

Во Австрија падна системот за пријавување новозаразени

Во Австрија падна системот за пријавување новозаразени

Во Австрија драматичниот скок на новозаразените лица поради ширењето на сојот омикрон доведе до пад на системот за регистрирање нови случаи на инфекција.

Австрија веќе 50 часа нема официјални податоци за дневниот број на новозаразени.

До пред три дена бројката на новозаболени се објавуваше претпладне, а оттогаш на веб-страницата на Системот за епидемиолошка регистрација (ЕМС) може да се најдат само необработени податоци.

Според овие необработени податоци на ЕМС, пријавени се 28.582 нови случаја.

Од Министерството за здравство посочуваат дека не е завршено прочистувањето на добиените податоци.

Можете да прочитате

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата