Утрински Весник
Свет
Img 7972

Бајден со изјавата за мал продор на Русија предизвика шок во Украина

Бајден со изјавата за мал продор на Русија предизвика шок во Украина
300x250 opst2

Американскиот претседател Џо Бајден се чини дека го поткопа единството во Алијансата, велејќи дека одговорот на Западот можеби не е единствен доколку Русија направи само „мал пробив“ во Украина, што сугерира дека санкциите на НАТО кон Русија би можеле да зависат од размерите на рускиот напад врз Украина.

„ Едно е ако тоа е мал пробив“, рече Бајден. „ Но, ако навистина го направат она за што се способни вооружените сили распоредени долж границата, тогаш тоа ќе биде катастрофа за Русија“, додаде Бајден.

Американската телевизија Си-Ен-Ен тогаш цитираше неименуван извор од украинската влада кој рече дека е „шокиран“ од фактот што американскиот претседател Бајден прави разлика помеѓу ограничена пенетрација и масовен упад во земјата. Веднаш реагираше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој потсети на големите сили дека нема помали пробиви и мали нации.

Таа изјава предизвика сомнеж кај сојузниците на САД дека Вашингтон е подготвен да му даде простор за маневрирање на Путин за да избегне инвазија од големи размери. Орисија Луцевич, украински тинк-тенк аналитичар во Чатам-Хаус во Лондон, рече дека состанокот во Женева е шанса да се разјаснат коментарите на Бајден.

„ Се надеваме дека Блинкен ќе може да ги разјасни несигурноста и нејаснотијата што произлегуваат од изјавите на Бајден, доколку има дозвола да го стори тоа“, рече Луцевич.

Москва постојано ги предупредува САД и Западот да не ја вооружуваат Украина. Од нападот на Русија врз Украина и анексијата на Крим во 2014 година, САД потрошиле вкупно 2,5 милијарди долари таму за воена опрема и обука.

Водечките дипломати од Русија и САД денеска во Женева ќе разговараат за растечките тензии околу Украина, откако серијата состаноци меѓу официјални претставници на двете страни досега не дадоа резултати.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен со рускиот колега Сергеј Лавров ќе се обиде да ги ублажи тензиите со Украина.

Можете да прочитате

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина

Трамп: Грета Тунберг има проблем со гневот – треба да посети лекар

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ