Утрински Весник
Магазин

Почина рокерот Мит Лоуф

Почина рокерот Мит Лоуф

Mит Лоуф, пејачот чиј албум Bat Out Of Hell е еден од најпродаваните на сите времиња, почина на 74-годишна возраст.

Веста ја потврди неговото семејство на Фејсбук-страницата на ѕвездата.

„Нашите срца се скршени да објавиме дека неспоредливиот Мит Лоуф почина вечерва со сопругата Дебора покрај него“, се наведува во објавата.

„Ќерките Перл и Аманда и блиски пријатели беа со него во последните 24 часа. Знаеме колку тој значеше за толку многу од вас и навистина ја цениме сета љубов и поддршка додека поминуваме низ овој момент на тага поради губењето на еден таков инспиративен уметник и прекрасна личност.“

Музичката легенда продаде 100 милиони албуми ширум светот, а се појави и во филмови како Fight Club, Rocky Horror Picture Show и Wayne’s World.

Еден од неговите најголеми хитови I’d Do Anything for Love (But I Won’t Do That), му донесе „Греми“ награда за најдобра рок-изведба.

Можете да прочитате

Сите што купиле влезници за Дејвид Гета треба да ги заменат со нараквици од утре во Градски парк

Долговите наскоро би можеле да станат минато за овие четири хороскопски знаци

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија