Утрински Весник
Магазин

Бонг Џун Хо и Роберт Патинсон се здружуваат за научнофантастичен филм

Бонг Џун Хо и Роберт Патинсон се здружуваат за научнофантастичен филм

Му беа потребни две години за да го смисли својот следен проект по освојувањето „Оскар“ во 2020 година, а сега се чини дека режисерот на „Паразит“, Бонг Џун Хо го пронајде својот следен филм, и потенцијално, ѕвездата на филмот.

Во моментов, Бонг е во преговори да напише и режира научнофантастичен филм за „Ворнер Брос“, заснован на претстојниот роман на Едвард Ештон, „Мики 7“.

Ѕвездата на „Бетмен“, Роберт Патинсон, е во преговори да ја преземе главната улога. Бонг, исто така, ќе го продуцира неименуваниот филм за својата продукциска куќа „Офскрин“, за Kate Street Picture Company и Plan B.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 22 октомври: Биковите да не брзаат со одлуките, Вагите да кажат што навистина сакаат

Од компанија во Јужна Калифорнија украдени Покемон карти вредни речиси милион долари

Нови песни, познати музички имиња и фестивалска еуфорија: „Макфест“ на 30 и 31 октомври