Утрински Весник
Македонија

Облачно и студено време, со врнежи од снег

Облачно и студено време, со врнежи од снег
Img 5587

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 4 степени.

Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 1 степен.

Img 5587

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години