Утрински Весник
Економија

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија
Img 5587

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

„ Со оваа одлука дополнителните количини на топлинска енергија ќе се обезбедат од домашно производство со склучување договори за уредување на меѓусебните односи помеѓу вршителите на енергетските дејности на пазарите на енергија и тоа договори за деловна техничка соработка помеѓу Акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, Скопје, Друштво за производство на топлинска енергија Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, Друштво за дистрибуција на топлинска енергија Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, Друштво за снабдување со топлинска енергија Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје и Скопје Север АД Скопје, заради обезбедување на сигурност во снабдувањето со топлинска енергија.

Ss1

Финансиските средства потребни за реализација на обврските од преземањето на мерката од оваа одлука на Електрани на Северна Македонија се обезбедуваат од Буџетот за 2022 година“ соопшти Владата.

На оваа седница Владата го одобри текстот на Договор за деловно – техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ).

„ Согласно овој договор БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на овој договор, а од денот на склучување на овој Договор ќе му даде согласност на АД ЕСМ да управува со сите деловни активности на БЕГ, со сите трансакциски сметки, како и со наменската сметка која што БЕГ ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка“ се додава во владиното соопштение.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз