Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Продуцентот на „Битлси“ потпишал договор со нив бидејќи биле добри момци

Продуцентот на „Битлси“ потпишал договор со нив бидејќи биле добри момци
Img 7972

Продуцентот на „Битлси“ Џорџ Мартин потпишал договор со легендарниот рок бенд во раните денови повеќе поради тоа што му биле симпатични отколку поради нивната музика, откри еднаш, а неговиот син потврди во снимка што ја сподели на Твитер во средата.

Џорџ Мартин, кој почина во март 2016 година, помогна во лансирањето на бендот до глобален успех во 1960-тите и често го нарекуваа „петтиот Битлс“.

„Беа четворица и прашав: кои се тие? што се тие?“, ѝ вели легендарниот продуцент на својата внука во видеото што го објави неговиот син Гилс Мартин, исто така продуцент.

Џорџ Мартин ги запозна „Битлси“ во Лондон додека членовите на групата од Ливерпул бараа место под сонцето – пред да станат најпознатата четворка во светот.

„Кога слушав што прават, беше добро, но не беше сјајно“, се присетува тој во снимен разговор.

„Но, магијата дојде кога почнав да ги запознавам, бидејќи тие беа ужасно добри луѓе“, продолжи тој.

„Беа забавни, беа многу паметни, кажуваа убави работи, тие беа оној вид луѓе со кои сакаш да се дружиш“, детално се присетува Џорџ Мартин во едно старо видео.

„Си помислив: ако јас го чувствувам ова кон нив, ќе го почувствуваат и другите луѓе, па тие сигурно ќе  бидат прилично популарни.“

Можете да прочитате

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима

Нова надеж за пациентите со хронични рани, комбинација на лекови со неверојатен ефект