Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното
300x250 opst2

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од утре управувањето со топлинската енергија ќе го превеземе државната ЕСМ, а државата на владина седница ќе ѝ даде повеќе пари на компанијата за да може да набавува ресурси.

„ЕСМ треба да го достави предлог-договорот за деловна соработка со БЕГ. Во согласност со одлуката за прогласување кризна состојба, дополнително ќе вшприцаме средства во ЕСМ за да се справат со кризата и за да управуваат со компаниите. Од утре ЕСМ ќе управува со трите БЕГ сѐ со цел скопјани да имаат топлинска енергија и тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Договорот ќе го достави ЕСМ“, вели Бектеши.

Дополнителни рестрикции засега нема да има.

„Греењето нема да биде скратено, туку ќе работи до 1 по полноќ. Не верувам дека ќе биде намалена топлината, според правилата мора да биде 20,1 степени“, рече Бектеши.

Можете да прочитате

Уапсени двајца скопјани – запалиле три возила во Аеродром

Кога новинарската анализа станува средство за политички напад

Додека Касами бара македонски гласови во Тетово, неговиот син ќе игра за фудбалската репрезентација на Албанија