Утрински Весник
Свет

Ќерката на Борис Џонсон позитивна на Ковид-19 – има само шест недели

Ќерката на Борис Џонсон позитивна на Ковид-19 – има само шест недели
Dik 300x250 mk

Минатата недела од кабинетот на премиерот соопштија дека член на семејството е позитивен на Ковид-19 без да биде наведено за кого станува збор, а се претпоставува дека е неговата ќерка.

Извор за Дејли Мејл изјавил дека таа „прилично настрадала“ од вирусот што го добила кога имала само пет недели, но дека сега „оздравува“.

Џонсон не се појави во јавноста неколку дена по минатонеделното соопштение, а повторно се појави дури во вторникот кога даде интервју за Sky News за скандалот „Партигејт“ поврзан со забавите организирани во Даунинг стрит.

Роми Ајрис Шарлот Џонсон е родена на 9 декември во Универзитетската болница во Лондон и живее со нејзиниот татко Борис, мајката Кери (33) и постариот брат Вилфред, кој има 20 месеци.

Минатиот четврток, премиерот ја откажа посетата на Ланкашир, а Даунинг стрит рече само дека „член од семејството бил позитивен на Ковид“, без да даде име.

Можете да прочитате

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk