Утрински Весник
Свет

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за здравство Саџид Џавид додека земјата ги укина повеќето мерки.

„Мораме да научиме да живееме со него. За жал, луѓето умираат и од грип: во тешка година со грип, за жал може да изгубите околу 20.000 животи, но затоа не ја затвораме целата земја“, избави Џавид за Sky News.

„Ковид нема да замине. Ќе биде меѓу нас многу, многу години, можеби засекогаш, и мора да научиме да живееме со него. Мислам дека сме лидери во Европа во транзицијата од пандемична во ендемична и водиме во покажување на светот како може да живее со Ковид“.

Можете да прочитате

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување