Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски предизвика инфлација како заменик министер, а потоа ја поскапи струјата и парното

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски предизвика инфлација како заменик министер, а потоа ја поскапи струјата и парното

Пиунот Ковачевски е директно виновен за сите негативни ефекти во економијата. Тој е заменик министер за финансии додека долгот надмина 60% од БДП, додека имаме најмал број на странски директни инвестиции во регионот и додека стопанството и граѓаните се соочени со инфлација, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Истиот Ковачевски и СДСМ со нивната неспособност придонесоа за раст на цената на струјата и парното од 15%. Од овој месец граѓаните ќе плаќаат по најмалку 1.500 денари повеќе како резултат на неспособноста на СДСМ и Ковачевски навреме да ископаат јаглен и да обезбедат евтин гас.

Со СДСМ и пиунот Ковачевски не може да биде подобро. Секој месец поминат со нив е се полош.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека на Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе знае да се справи со предизвиците.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари