Утрински Весник
Спорт

ЦСКА Москва на новото турско засилување му вети „многу Наташи“!

ЦСКА Москва на новото турско засилување му вети „многу Наташи“!
Img 5587

Рускиот гигант ЦСКА Москва мораше да се извинува по неверојатната презентација на нивното ново засилување, турскиот репрезентативец Јусуф Јазиџи од францускиот Лил, откако му ветија „многу Наташи“ во Русија.

ЦСКА, кои се четврти на табелата во Руската Премиерлига, го донесоа Јазиџи на позајмица, но фудбалерот од средниот ред се најде во центар на контроверзи без негова вина, откако ЦСКА решија да направат шега со наводниот разговор меѓу клубот и фудбалерот.

Ss1

Во овој „лажен“ разговор откако неколку пати 24-годишниот Јазиџи не одговара на барањето за договор, ЦСКА пишува: „Јусуф, ова е Русија, тука имаме многу Наташи“, по што тој наводно одговара: „За пет минути, доаѓам“.

Иако постот беше ибришан бргу, руската јавност реагираше бурно, а одговорната на ТВ станицата на ЦСКА, Катерина Кирилчева мораше јавно да се извинува за неуспешниот обид да бидат интересни.

> ЦСКА Москва на новото турско засилување му вети „многу Наташи“! <

Ss1

Можете да прочитате

Лука Модриќ ја испиша историјата на Реал Мадрид

Пол-позицијата на Ферстапен во Мајами

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот