Утрински Весник
Свет

Ердоган ѝ порача на Русија да ја преиспита одлуката за напад на Украина

Ердоган ѝ порача на Русија да ја преиспита одлуката за напад на Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повика Русија да не ја напаѓа Украина.

„ Русија треба да ја преиспита светската ситуација и сопствената ситуација пред да се реши на таков чекор“, изјави Ердоган на новинарите по посетата на Албанија.

Ердоган рече дека руската инвазија на Украина не ја смета за реален пристап бидејќи, како што наведе, Украина не е обична земја.

„ Украина е силна земја“, рече турскиот претседател.

Москва, која го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година, негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон таа и другите поранешни советски земји е „црвена линија“ што не смее да се помине.

Можете да прочитате

Најмалку 2.869 луѓе досега убиени во израелските напади врз Либан

Трамп: Сè уште верувам во мир со иранското раководство

Пукање во Ница, има убиени и ранети