Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Град Скопје започна акција за чистење и казнување за приватни депонии

Град Скопје започна акција за чистење и казнување за приватни депонии
300x250 opst2

Инспекторите за животна средина на Град Скопје деновиве почнаа акција за чистење и казнување за приватни депонии, односно имот на кој сопствениците дозволиле од негрижа или од лукративни причини да се креира отпад во скопските општини.

Врз основа на пријава од граѓани или самоиницијативно, инспекторите за животна средина прво вршат инспекциски надзор, ја констатираат состојбата на терен со записник и издадаваат решение со кое ќе ги задолжат сопствениците на имотот во даден рок да постапат по даденото решение.

Доколку сопствениците на имотот не постапат по тоа решение инспекторите ќе изготват ново решение, со кое се задолжува ЈП „Комунална хигиена“ да ја исчисти наведената локација. Трошоците за чистење се фактурираат на сопственикот на приватниот имот кој креирал или дозволил да се направи дива депонија. Во оваа постапка, инспекторите постапуваат според Законот за управување со отпад и Законот за животна средина.

Во текот на минатата недела, по издадено решение од инспекторите за животна средина, исчистена е дива депонија на раскрсницата меѓу булеварот Гоце Делчев и улицата Беласица, кај трговскиот центар „Ист гејт“, а која претставуваше децениски проблем за целата околина.

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места