Утрински Весник
Свет

Брановите во Пацификот предизвикаа излевање на нафта во Перу – плажите затворени за јавност

Брановите во Пацификот предизвикаа излевање на нафта во Перу – плажите затворени за јавност

Невообичаено високите бранови во Тихиот Океан, кои се припишуваат на ерупцијата на подводен вулкан во близина на островот Тонга, предизвикаа излевање на нафта долж брегот на Перу, но властите во Лима денеска соопштија дека несреќата била ставена под контрола за наколку часа.

Перуанскиот институт за цивилна одбрана во денешното соопштение за печатот потврди дека во неделата, додека товарел нафта на танкер од рафинеријата Ла Пампила на брегот на Тихиот Океан, силни бранови го придвижиле бродот и предизвикале излевање на гориво, пренесе Ројтерс.

Властите во Перу не соопштија колку галони се истуриле, туку само ја информираа јавноста дека локалните и федералните власти се ангажирани во чистење на загрозениот дел од брегот.

Рафинеријата Ла Пампила во провинцијата Калао во близина на Лима, главниот град на Перу, припаѓа на шпанската нафтена компанија Репсол и се смета за главна фабрика за преработка на нафта во таа латиноамериканска земја.

По наредба на локалните власти од неделата плажите во загрозеното подрачје се затворени за јавноста.

Можете да прочитате

Зеленски: Украина има „неоспорни“ докази дека Русија му дава разузнавачки податоци на Иран

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО СОФИЈА: Запленети околу еден милион фалсификувани евра

Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран