Утрински Весник
Свет

Беспилотни летала над шведските нуклеарни централи – во тек е истрага

Беспилотни летала над шведските нуклеарни централи – во тек е истрага

Шведската безбедносна служба поведе истрага во врска со беспилотните летала кои беа видени како прелетуваат над три шведски нуклеарни централи, се наведува во денешното соопштение на службата на оваа земја.

Според агенцијата Ројтерс, шведската полиција распоредила патроли и хеликоптери во близина на нуклеарната централа Форсмарк во потрага по дронот што прелетал над тие локации во петокот, но не успеале да го фатат.

Во соопштението се наведува и дека дронот бил голем и способен за работа.

Безбедносната служба во соопштение наведува дека беспилотни летала денеска биле забележани и над другите две шведски нуклеарни централи, во Оскаршамн и Рингхалс.

„Безбедносните закани за Шведска се зголемија со пошироки и подлабоки разузнавачки закани“, се вели во соопштението на Службата за безбедност.

Како што се наведува, околу 30 отсто од вкупното производство на електрична енергија во Шведска доаѓа од три електрани.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија