Москва е разочарана од моменталната состојба на руско-германските односи, но не одбива да гради соработка заснована на принципите на взаемно почитување и взаемна корист, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи во пресрет на разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Германија
Разочарани сме од моменталната состојба на руско-германските односи, кои минуваат низ тешка фаза поради политиката на сеопфатна воздржаност на нашата земја што ја води официјален Берлин, соопшти Министерството, пренесе ТАС С.
Германија постојано и се спротивставува на Русија кога станува збор за широк спектар на прашања во клучната меѓународна агенда, нагласуваат од руското Министерство.
Германија се обидува да изврши притисок врз домашните политички процеси во Русија, германските медиуми отворено водат антируска пропаганда, додека алтернативните информации, вклучително и руските медиуми и медиумите на руски јазик во Германија, се под притисок, се вели во соопштението на руското МНР.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вечерва пристигнува во Москва. Таа утре ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров.