Утрински Весник
Спорт

Реал го продава Еден Азар

Реал го продава Еден Азар
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Еден Азар ги брои последните денови на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанските медиуми пишуваа дека, Флорентино Перез, ќе направи се да за до продаде Белгиецот да крајот на актуелниот преоден рок.

Две и пол години мачење. Така најдобро може да се опише престојот на Азар во шпанската престолнина. Донесен како големо засилување, во 2019 година, Азар не покажа ништо во дресот на Реал.

Screenshot

Флорентино Перез, вложи 100.000.000 евра, за фудбалер кој во тој момент влезе во последната година од договорот со Челси.

Реал очекуваа дека тој ќе биде новиот лидер, по заминувањето на Роналдо во Јувентус, но Белгиецот повеќе време мина во клупската амбуланта отколку на теренот. За Реал има одиграно само 43 натпревари, на кои постигнал четири гола.

Перез го загубил трпението, откако лекарскиот тим на Реал предложил, Азар, да замине на нова операција.

Проблем е само што во овој момент никој не е заинтересиран за фудбалерот, кој блескаше во дресот на Челси, во Премиер лигата.

Еден Азар има договор со Реал до јуни 2024 година.

> Реал го продава Еден Азар <

Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори