Нино Черути, еден од големите италијански дизајнери и модни претприемачи, почина на 91-годишна возраст.
Според медиумите, тој починал во неделата во болница во Пиемонт каде што бил примен за операција на колкот.
Секогаш инсистираше самиот да ги проба сопствените креации. Многу од нив беа чувани во текстилната фабрика што ја основал неговиот дедо во градот Биела во 1881 година.
„Отсекогаш сум облекувал иста личност, јас самиот“, рече тој во една прилика, како што пренесува новинската агенција АФП.
Со своето искуство во производство на одлични ткаенини во семејната текстилна фабрика, Черути се впушти во бизнисот со облека кон крајот на 1950-тите.
Својот прв бутик го отворил во Париз во 1967 година.
Кога побара од машките и женските модели да одат по модната писта во иста облека, тој направи револуција во модата, забележува АФП.
Во 80-тите, тој се разграни во Холивуд, дизајнирајќи облека за ѕвезди како Џек Николсон, Мајкл Даглас, Шерон Стоун, Џулија Робертс и Том Хенкс.
Во неговото студио, 1991 година
Дома со сопругата и синот во Рим 1988 година