Утрински Весник
Магазин

Кавгата меѓу Бритни Спирс и сестра ѝ продолжува: Семејството се однесуваше со мене полошо од осуденик на смрт

Кавгата меѓу Бритни Спирс и сестра ѝ продолжува: Семејството се однесуваше со мене полошо од осуденик на смрт

Бритни Спирс тврди дека нејзиното семејство се однесувало со неа полошо од осуденик на смрт за време на т.н. конзерваторски надзор.

Ова изјава доаѓа во време на голема расправија со сестра ѝ Џејми Лин.

Поп ѕвездата (40), која беше под посебен надзор од страна на нејзиното семејство од 2008 до 2021 година, тврдеше дека Џејми Лин не направила ништо за да ѝ помогне и дека се чувствува повредена од обвинувањата искажани од нејзината сестра.

Во текот на промоцијата на својата автобиографија Things I Should Have Said („Работи кои требаше да ги кажам“), Џејми Лин изјави за „Најтлајн“ дека нејзината сестра ја заклучила во соба со нож во времето кога покажувала непредвидливо однесување, на што Бритни ја нарече „ѓубре“ на социјалните мрежи.

Бритни се огласи на Твитер со ново отворено писмо: „Џејми Лин, мислам дека твојата книга воопшто не е за мене. Реагирав грубо бидејќи очигледно ме повреди со работите што ги измислуваш за мене!!!”

Можете да прочитате

Денеска ќе се случи целосно затемнување на Сонцето ширум светот: НАСА предупредува овој феномен да се набљудува со соодветна заштита

Дневен хороскоп за 12 Август 2026 година

Роналдо се венча со Георгина