Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија и во 2020 и во 2021 е на дното по странски инвестиции во регионот

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија и во 2020 и во 2021 е на дното по странски инвестиции во регионот

Македонија поради корупцијата на власта е закована на дното по прилив на странски во однос на земјите од регионот. Албанија, Косово и Србија имаат далеку повеќе инвестиции отколку владата на заевизмот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Македонија во 2020 успеала да привлече околу 239 милиони евра Косово повеќе од 341 милион евра , Албанија успеала да привлече околу 933 милиони евра, а соседна Србија успеала да привлече над три милијарди евра странски директни инвестиции. Ова покажува дека во 2020 година Македонија успеала да привлече само 1,9% од БДП, како странски директни инвестиции, додека Косово 4%, Србија 4,8% од БДП, Албанија 5,7% од БДП. Катастрофалната состојба продолжува и во 2021 година. Заклучно со месец септември 2021-ва година Македонија има прилив на странски директни инвестиции за околу 285 милиони евра, Косово има околу 493 милиони евра, Албанија има околу 711 милиони евра, а Србија има над 2,9 милијарди евра прилив на странски директи инвестиции“ велат од партијата.

Угледниот британски весник „Фајненшл тајмс“, каде што го мери индексот за успешност на странки директи инвестиции на секоја земја во светот, како што додаваат, сега ја нема рангирано Македонија ни во првите 50 места, а во 2016-та беше на високото 3-то место.

„ Толку од блескавите успеси на заевизмот во економијата. Ова е резултат на криминалот и корупцијата на власта. Странските инвеститори бегаат од Македонија затоа што државата е рангирана на 111 место според Транспаренси според борбата против корупцијата, затоа што Стејт Департментот укажува дека главен проблем за бизнис климата е корупцијата и неефикасното судство, затоа што германските стопанственици во Македонија ја оценија со голема нула бизнис климата“ се вели во соопштението.

Криминалот и корупцијата на заевизмот, чиј наследник и поклоник е пиунот Ковачевски, ја тоне државата секој ден се подлабоко во жив песок. Со заевизмот и пиунот Ковачевски нема напредок. Затоа се потребни итни предвремени парламентарни избори за да се раскрсти со заевизмот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт