Утрински Весник
Свет

Песков: Веќе нe може да се толерира инвазијата на НАТО врз Украина

Песков: Веќе нe може да се толерира инвазијата на НАТО врз Украина
Dik 300x250 mk

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва веќе не може да ја толерира, како што рече, инвазијата на НАТО врз Украина.

„Сведоци сме на постепена инвазија на НАТО на територијата на Украина со инфраструктура, инструктори, одбранбено и офанзивно оружје, обука на украинската армија“, рече Песков во интервју за Си-ен-ен, делови од кое објави агенцијата РИА Новости.

Тој посочи дека таквиот развој на настаните ги довел на црвена линија односите меѓу Москва и Киев.

Песков рече и дека Русија никому не се заканува со воени операции, но дека ќе биде принудена да преземе контра-мерки во случај на натамошно проширување на НАТО.

Тој посочи дека руските војници на границата со Украина се последица на тензиите во регионот и додаде дека Москва смета оти е неопходно да остане таму, бидејќи вежбите на НАТО, летовите на борбените и шпионските авиони на НАТО и унапредувањето на инфраструктурата на НАТО кон руските граници, создаваат непријателска атмосфера.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште