Утрински Весник
Македонија

Приведени тројца крадци од Свети Николе, полицијата ги фатила непосредно по кражбата

Приведени тројца крадци од Свети Николе, полицијата ги фатила непосредно по кражбата
Dik 300x250 mk

На 14.01.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, лишени од слобода се А.Ѓ.(30), В.Р.(29) и Т.С.(38), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба.

Имено, на 14.01.2022 тие одзеле поголема сума на пари од продажен објект во Свети Николе, но набрзо по извршеното кривично дело, во координирана акција на полициските службеници, тие се приведени во полициска станица.

По наредба на Јавен обвинител извршени се претреси кај лицата, при што се пронајдени и одземени пари, а до ОЈО Свети Николе поднесена е кривична пријава.

Можете да прочитате

Поради сообраќајка затворен патот Струмица – Ново Село

Прегазен полицаец во Скопје – 24info.mk

Паднал во шахта во хидроцентрала кај Виница – Работник се здоби со тешки телесни повреди