Утрински Весник
Спорт

Госенс блиску до преселба на „Сент Џејмс парк“

Госенс блиску до преселба на „Сент Џејмс парк“
Dik 300x250 mk

Њукасл јунајтед, се наоѓа блиску до договор со Аталанта околу трансферот на Робин Госенс.

Госенс, блеска изминатите три сезони во Аталанта, а на Европското првенство, беше еден од најдобрите во репрезентацијата на Германија.

Извори од Англија тврдат дека Госенс ги договорил личните услови со Њукасл. Кога клубовите ќе постигнат договор околу обесштетувањето, Госенс ќе потпише три и пол годишен договор. Ќе игра за плата од 3.500.000 евра, што е три пати повеќе од она што го заработува во Бергамо.

Њукасл, во преодниот рок се засили со десниот бек Киран Трипие и напаѓачот Крис Вуд. Покрај Госенс, медиумите тврдат дека речиси готова е зделката со Севилја за трансферот на Диего Карлос.

> Госенс блиску до преселба на „Сент Џејмс парк“ <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата