Утрински Весник
Спорт

Надал: Го почитувам Ѓоковиќ, но никој не може да биде поголем од АО

Надал: Го почитувам Ѓоковиќ, но никој не може да биде поголем од АО

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, во Мелбурн, рекол дека ниту еден играч не е поголем од Австралија опен. Шпанецот, ја коментирал ситуацијата во која се наоѓа освојувачот на девет трофеи на гренд-слемот во Мелбурн, јасно ставајќи до знаење дека не се согласува со светскиот број 1.

„Морам да кажам една работа – јасно е дека Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот. Тука не постои сомнеж. Но не постои играч во историјата кој е поважен од натпреварувањето. Никој, ниту Роџер, ниту јас, ниту Новак, ниту Бјерн Борг, кој беше неверојатен во периодот кога играше. Австралија опен е поважен од било кој тенисер“, рекол Надал, дополнувајќи дека не се согласува со многу работи и дека му е сеедно дали Ѓоковиќ ќе игра.

„Доколку добие дозвола да игра ќе биде ОК. Ако не добие дозвола да игра, турнирот и без него ќе биде одличен. Така јас гледам на работите. Навистина многу го почитувам и покрај тоа што не се согласувам со многу работи што ги направи во изминатите години“.

Надал е шести носител на турнирот. Доколку Ѓоковиќ не биде депортиран, можно е да се сретнат во полу-финалето.

> Надал: Го почитувам Ѓоковиќ, но никој не може да биде поголем од АО <

Можете да прочитате

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

Восочната фигура на Килијан Мбапе можеби е најдобрата фигура на фудбалер досега