Утрински Весник
Спорт

Лук де Јонг веќе не е на трансфер-листата на Барса, но Депај ќе биде продаден

Лук де Јонг веќе не е на трансфер-листата на Барса, но Депај ќе биде продаден

Поранешниот напаѓач на Њукасл и Борусија Менхенгладбах, Лук де Јонг е „тргнат“ од трансфер-листата на Барселона, откако го убеди Чави Ернандез дека заслужува да биде заддржан во тимот и покрај големите критики кои ги добиваше Холанѓанецот.

Високиот Холанѓанец беше донесен од претходниот тренер Роналд Куман на позајмица од една сезона од Севилја, и дојде во клубот во моменти кога се бараше замена за Лео Меси, така покажувајќи ја сегашната финансиска ситуација на клубот.

Сепак, откако постигна три гола во последните три меча, и покрај пристигнувањето на Феран Торес од Манчестер сити, Чави смета дека тој може да биде важен играч за каталонскиот клуб, тврди „Мундо депортиво“.

Од друга страна, Барселона се подготвени да го пуштат да си оди неговиот сонародник Мемфис Депај, кој дојде како слободен играч од Лион, бидејќи не се вклопува во системот на Чави. Јувентус е меѓу заинтересираните клубови.

> Лук де Јонг веќе не е на трансфер-листата на Барса, но Депај ќе биде продаден <

Можете да прочитате

Репрезентативец на Словенија пристигнува за рекордна сума на „Сан Сиро“

Карагер му порача на Касемиро дека му е време за преселба во Саудиска Арабија

Навивчите на Денвер брзо заборавија што се направи за нивниот клуб Јокиќ